домаБЕШЕБеше 13 09 2023

Беше 13 09 2023

13 септември
Настани:
1897 Малешевската чета успешно го извршила грабнувањето на Назим-бег во Струмичкото Поле, на позицијата Струмица – Василево, чифликот на Назим-бег. За неговото ослободување очекувале да плати неговиот богат татко. По извршената акција, заедно со заробеникот, четата веднаш се повлекла кон Малешевските Планини. Поголемиот дел од неа, заедно со Делчев и грабнатиот бег, се стационирале во оддалечена планинска колиба, додека на Русински, со дел од четниците, му била доверена задачата да ги врши преговорите за откупот.
1903 Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ.
1914 во Бунарџик се отворило прво основно училиште на српски јазик во приспособена просторија во куќата на Цветан Златанов, во кое учеле и децата од Бунарџик и Ајватовци, прв учител бил Будисав Шошкиќ. По падот на Србија во 1915 новата бугарска власт истото училиште продолжило да работи на бугарски јазик до 1918. Во 1919 по падот на Бугарија спрската власт поново го отворила училиштето, се вратил првиот учител Будислав Шошкиќ а во училиштето учеле деца од Бунарџик, Ајватовци, Миладиновци, Бујковци, Белимбегово, Марино, Кадино и други.
1918 Во Скопје влегла српската војска
1953 Во Скопје, на Градскиот стадион, се одигра првиот меѓусебен прволигашки фудбалски натпревар меѓу Вардар и Работнички. Резултатот заврши 2:2.
1995 Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи.
1995 Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина.
Родени:
1949 Павлина Климкар Меанџиева е родена Велес. Член на ДПМ од 1995 година. Автор е на книгите: “Тивнеења” (поезија, 1976), “Неразделности” (поезија, 1978), “Ораница” (поезија, 1983), “Тишина што се слуша” (поезија, 1991), “Кралица на гревот” (поезија, 1991), “Бршлен” (поезија, 1992), “Зол трн непремолк” (поезија, 1992), “Жежок ветер” (поезија, 1993), “Голтач на огнови” (поезија, 1994), “Од дневникот пред изгорување” (поезија, 1995), Кралица на гревот (второ,проширено издание 1996) Македонска вертикала (поезија, 1997), “Уста полна светлина” (поезија, 1997), “Цунами” (поезија, 1999), “Чудна случка” (сликовница, 1999), “Најазмо” (поезија, 2001), “Vasiloanjea – a marrtiiljei” (на влашки јазик, 2002), “Дијадема” (поезија, 2003), “Во меѓувреме” (поезија, 2003), “Ѕвездени патеки” (поезија, 2005), “Школки” (поезија, 2007), “Одблесоци” (поезија, 2009), “Метузалем” (поезија, 2012), “Наспроти ветрот” (поезија, 2013). Дел од нејзиното творештво е преведено на српски, албански и англиски јазик. Починала во Велес на 3 март 2018 година.
1976 Ивица Антески е роден во Тетово. Пораснал во Гостивар каде што завршил основно и средно Електротехничко училиште. Антески почнал да работи како новинар, рецензент, уредник и преведувач за дневните весници „Дневник“, „Македонија денес“ и „Нова Македонија“, студентските весници „Студентски збор“ и „Лоза“, за „Млад борец“, во дневниот весник “Време”. Работел како новинар, но и како одговорен уредник на дневниот весник „Шпиц“. Во раната 2009 година, Антески ја наоѓа својата нова пасија и полека навлегува во светот на тангото. Моментално е инструктор по танго како и реномиран танго диџеј.
Починале:
1924 Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација
1924 Во Софија Владо Черноземски го уби Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански.
1924 Владислав Ковачев, познат и како Славчо Ковачев бил штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација, пламен приврзаник на една балканска федерација во која Македонија би влегла како рамноправна единица. Како војвода учествувал во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и Кратовско. По востанието се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. Убиен е среде бел ден од страна на автономистичката ВМРО и платениците на Ванчо Михајлов во текот на Горноџумајските случувања.
1989 Во Тирана умре Стеријо Спасе, албански писател од македонско потекло. Роден е во селото Глобочица, во 1914 година.
1993 Јон Исаја е роден во Тетово на 5 јануари 1915 година. Тој потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминал во Романија каде ја завршил и Театарска академија во Букурешт во 1942 година. Станува член на Драмата на МНТ од 1951 па до 1964 година. Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот говор и се залагал за строго психолошко обликување на ликовите.
1994 Во Скопје трагично го заврши својот живот Радмила Трифуновска, македонски писател, предавач и новинар. Автор е на поезијата “Зли дождови”, “Црни птици” и на расказите “Жена и војна” и “Враќање”. Родена е во Скопје.
2013 По кратко боледување, почина Десанка Миљовска, поранешен министер за култура, првоборец и професор по социологија на Филозофскиот факултет. Миљовска беше еден од основачите на Катедрата по социологија, а предаваше и на Факултетот по новинарство, Филолошкиот факултет, како и на други научно- општествени институции. Како истакнат општествен работник, во периодот од 1971 до 1974 година беше и член на Владата на Социјалистичка Република Македонија, како министер за култура.

Ден 18 април 2025

00:01:17