домаБЕШЕБеше 20 09 2023

Беше 20 09 2023

20 септември
Настани:
331 п.н.е. На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“.
1913 српската офанзива ги принудила македонските и албанските чети да прогласат распуштање со што бил ставен крајот на Охридско-Дебарското востание а претходно ослободените територии пак подпаднале под српска власт.
1990 Во Скопје, Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уствот на СР Македонија, според кои, покрај другото, Македонија стана повеќепартиска држава.
1993 Во Скопје, во Шумарскиот факултет, е основано Движењето за облагородување на односите меѓу луѓето и природата „Патот на розата“
Родени:
1955 Тодор Чепреганов е роден во Штип, каде завршил основно училиште. Гимназија завршил во Скопје, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Група историја во 1979 година. Магистрирал во 1989 година на тема „Одгласот на ослободителната војна и револуција во Југославија во печатот на САД (1941-мај 1945) со осврт на Македонија“, а докторирал во 1993 година на тема „Велика Британија и македонското прашање во светлината на меѓународните односи (2 август 1944 – 1949)“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во учебните 1995-2000 година во рамките на програмата „Study Abroad at UKIM“, го предавал предметот „Историја на балканските народи“. Бил раководител и соработник на 20 домашни и странски реализирани проекти од историјата на Балканот и Македонија. Декан е на последипломските студии на Институтот за национална историја и ангажиран во наставата на истите од 1998 година. Бил ментор на повеќе кандидати за магистерски и докторски дисертации; член на повеќе организации и асоцијации во земјата и странство; член на редакции на научни списанија; член на комисии од рамките на Министерството за образование и наука.
Починале:
1948 Во Софија умре Лука Џеров, македонски учител, револуционер и војвода. Учесник е во Илинденското востание 1903 година и борец против врховистичките предавници на македонското дело. Роден е во Битола, во 1870 година
1998 Во Скопје умре Јордан Леов, македонски писател. Автор е на книгите разкази „Последни од смртта“, „Длабока рана“, на романите „Побратими“, „Виор“, „Афион“ и на други дела. Роден е во Велес, на 29 август 1920 година
1998 Во Прилеп умре Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Покрај другите трудови, автор е на книгата „Средновековното културно богатство на Република Македонија“. Роден е во Босанска Градишка, во 1924 година.
1994 Цеко Стефанов Кочани, 27 септември 1907 – Скопје, 20 септември 1944) македонски поет, писател и новинар. Во 1943 година одиграл контроверзна улога во убиството на 13 симпатизери на НОБ и партизани од страна на бугарските окупациски сили. По акцијата Стефанов е држан еден месец во затвор по што е испратен во Бакумскиот манастир во Пазарџик. На 10 јуни 1944 година се враќа во Скопје, а на 20 септември, непосредно пред ослободувањето на Скопје, се самоубива.

Ден 18 април 2025

00:01:17