24 септември
Настани:
1908 Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.
1913 било забрането собирање на луѓе на јавни места а селаните при одење во Скопје требало да земе дозвола од селскиот одбор, така било во цела скопска околија.
1941 Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.
1953 Прва изведба на “Македонска крвава свадба” од Војдан Чернодрински на македонската професионална сцена: МНТ во Скопје. Режија: Димитар Ќостаров, адаптација: Венко Марковски и Петре Прличко. Меѓу толкувачите на главните улоги беа Тодорка Кондова (Цвета), Драги Костовски (Спасе) и Илија Милчин (Осман-бег).
1993 Во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство.
2017 со света архиерејска литургија во соборниот храм “Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше извршена канонизација на архимандритот Јоаникиј од Ракотинци за светител на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Родени:
1910 Во Варош прилепско, роден е Мице Козароски –Јандре. Бил македонски партизан, комунист, учесник во НОБ, еден од повлијателните припадници на работничкото движење во Македонија помеѓу двете светски војни. Загинал на 19 декември 1942година .
1945 Владимир Глигоров македонски и српски економист и политолог. Своето образование го завшил во родниот град. Магистрирал во 1973 година, а докторирал во 1977 година на универзитетот Колумбија во Њујорк. Работел на белградскиот универзитет и на институтот за економски науки, а од 1994 година во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Владимир Глигоров е еден од првите критичари на комунистичкиот систем. Во 1989 година бил еден од основачите на Демократската партија на Србија. Тој е син на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.
1981 Игор Крајчев е роден во Велес. Тој е првиот македонски писател кој го воведува и го популаризира жанрот епска фантастика, која е особено значајна и популарна во останатите земји. Крајчев е добитник на Деветоноемвриско признание за афирмација на литературата и е перспективен македонски писател.Крајчев е добитник на високото признание на град Велес – Деветоноемвриско признание за заслуги од областа на литературата. Потоа на наградата „Прозни мајстори“ за второто издание на романот „Воини и херои“. Добитник е уште на наградите: „Книжевен круг“ од Битолскиот книжевен круг, наградата „Празник на липите“ за најдобра песна, a во 2016 година ја добива „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор на Струшките вечери на поезијата
Починале:
1989 Во Охрид умре Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија. Животната преокупација филмската уметност ја работеше со неверојатен ентузијазам, снимајќи повеќе од сто документарни филови и десеттина играни филмови. Како филмски снимател неговото име се јавува и на шпицата на првиот македонски игран филм „Фросина“. Мошне значајни се и креациите на неговата филмска камера во филмовите „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Македонска крвава свадба“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и во други. Роден е во Скопје, на 3 мај 1920 година.
1995 Во Лерин умре Коста Гочков, еден од најистакнатите активисти во борбата за признавање на човековите права на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Грција и член на политичката организација „Виножито“. Роден е во селото Овчарани, во 1944 година.
