29 септември
Настани:
1908 во Скопје за прв пат почнало да се продаваат странски Весници
1918 Бугарија е принудена да потпише примирје согласувајќи се да ја напушти Вардарска Македонија. Ги задржува само Пиринска Македонија и Струмичката област со градот Струмица, која ќе ја загуби подоцна во корист на Србија со Нејскиот мировен договор од 1919 година.
1941 Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Крлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1991 Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“.
1993 Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.
2009 Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната се причина за пожарот што избувна изутрината во манастирот Св. Јован Бигорски. Пламенот прво го зафати кујнскиот дел, по што се прошири во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица. Tрајно се уништени објекти и предмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива. Со помош на монасите се изнесени и се спасени речиси сите вредни икони од галеријата.
Родени:
1953 во Битола роден е Димитар Илиевски Мурато, македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има освоено највисоката планина во светот Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.
Починале:
1914 Во Скопје умре Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. Роден е во Неготин, на 9 јануари 1856 година.
Празници:
Светски ден на срцето
