ВЕВЧАНИ
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на Струшко Поле, чиј атар на источната страна на планината Јабланица, се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 820 до 980 метри. Од градот Струга, ова големо село е оддалечено 13,5 километри, а од регионалниот пат Струга-Дебар околу 7 километри. Името потекнува од старословенскиот збор вес, што значи село. Со додавање на наставка за демоним се добива името на селото — Весчани. Во 17 век селото се викало и Вешчано, а во 20 век се користело и името Вехчани, за конечно да се прифати денешното официјално име Вевчани. Првите легенди и писанија за Вевчани велат дека е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога племето Берзити (Брсјаци). Вевчанскиот случај од 1987 кога тогашната власт имала намера да ги каптира Вевчанските Извори, ја достигнале кулминацијата на 7 август 1987 година, кога интервенирале специјални полициски сили, кога за првпат во тогашна Југославија биле употребени „електрични пендреци“. Покрај славната и непокорна историја на Вевчани уште од времето пред и за Илинден, по овие настани доаѓа и до симболичното протестно самопрогласување на „држава Вевчани“ со свои пасоши и пари (т.н. личници) кои денеска се туристичка атракција позната за Вевчани. Поради изобилната понуда на природните убавини во околината како и познатиот Вевчански карневал, туризмот и угостителството се многу значајна стопанска гранка во сè поголем подем и пораст во Вевчани. Во селото Вевчани работат повеќе хотели со врвни сместувачки капацитети со ресторани како: „Вила Алула“, пансион „Кутмичевица“, „Пупинова куќа“, апартмани „Во Извор“, апартмани „Шутиноски“, „Вија Егнација“ и „Домаќинска куќа“. Во традицијата на Вевчани едни од најзначајните и најубавите празници биле празниците Лазара и Ѓурѓовден. Тоа се празници кои се прославувале на многу специфичен начин, празници за кои се испеале многу песни, празници каде главни учесници биле младите момчиња и немажените девојки лазарки.
