ЛАЗАРОПОЛЕ
Сместено е во областа Мијачија, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на падините на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото се наоѓа на високо поле (над 1.300 метри), низ кое поминува Лазарополска Река, кога оттаму се пробива кон долината на Мала Река. Поради стрмниот дел од долината на Мала Река селото е целосно невидливо. Самата местоположба е многу поволна, а на краевите на полето се наоѓаат пештери. Ова село е доста специфично, бидејќи во почетокот на XX век броела над 3.000 жители. Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка, каде ги издала „луда Калина“ па Турците ги загушиле со чадот од запалениот оган. Само некој Лазар се спасил од пештерата од која излегол од другата страна во полето каде основал ново село. Етимолошкото објаснување на името на селото има свои корени во старословенскиот јазик, во кој поимот лазор означува ‘голем простор, оголен и истребен од шуми’ какво што е впрочем и Лазарополе. Лазорополе како населено место се појавува за првпат и тоа во Кодикот на манастирот Слепче. Кодикот е книга во која се евидентирале даровите кои што ги добивал манастирот од поединци, меѓу кои имало и луѓе од Лазорополе. 2007 Официјално е отворен „Калин хотел“ во исклучително допадлив стил на старата традиционална мијачка градба успева да создаде амбиент на романтична бајковидност. Хотелот располага со 16 комфорни и вкусно уредени соби. Ова е една од најатрактивните туристички локации на Балканот. Овде можете да уживате во прекрасната природа и фантастичниот призор што се отвора насекаде околу вас и на најдиректен начин да се запоснаете со непроценливото културно историско богатство кое што претставува важен дел од македонското и севкупното цивилизациско наследство. Заедно со соседните села: Гари, Тресонче, Селце, Росоки, Осој и Могорче го сочинуваат таканаречениот Малорекански подрегион кој ги опфаќа областите по теченијата на реките Мала Река, Тресонечка и Гарска Река како и дел од планината Стогово.
