домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Гари

АванТуризам – Гари

ГАРИ
Гари е дел од областа Мала Река, сместено длабоко во пазувите на планината Стогово, на надморска височина од околу 1100 метри. Селото се наоѓа во една тесна долина, која произлегува од едно ледничко езерце на Стогово. Гари се споменува во XIV век. Според легендата се вели дека во текот на XV век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква посветена на Свети Спас, од која неколкупати ја снемувало иконата посветена на светецот. Иконата одлетувала до денешното село Гари, а селаните подоцна ја враќале назад, но настанот се повторувал. Затоа, селаните одлучиле да подигнат нова црква и село на местото каде паѓала иконата. Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 278 жители христијани (Македонци). Некогаш, во селото имало 25.000-30.000 овци, од кои се правел кашкавал и сирење, кои се продавале низ Македонија и во странство. Во време на Југославија била направена килимарницата, која вработувала 120 жени, кои произведувале персиски килими, кои на времето се продавале во Германија. Во поново време најавена е странска инвестиција на изградба на фабрика за вода за пиење од околните извори. Најголем дел од иселените гарци се наоѓаат во Скопје. Најголемото иселување се случило по затворањето на задругата во 1961. Од селото Гари потекнува познатата тајфа на копаничари предводени од Петре Филиповски – Гарката. Голема Богородица (28 август) е селска слава. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци. Во самото село се наоѓа извонредната Вила Топила во склоп со меаната Маргуле, покрај која поминува познатата Гарска река. Вилата е прекрасно уредена и претставува главна атракција за многу од туристите, а она што ја комплетира нејзината убавина е меаната Маргуле, направена во етно стил, каде што може да ги пробате вкусните јадења спремени по традиционален рецепт и начин. Доколку сте љубител на природата, уживате во прекрасна храна, сакате да избегате од вревата на градските улици и да уживате во шумот на реката, да поминете неколку дена на планина, Вила Топила и меаната Маргуле се идеалното место за Вас

Ден 18 април 2025

00:01:17