домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Долно Дупени

АванТуризам – Долно Дупени

ДОЛНО ДУПЕНИ
На 34 километри од градот Ресен, сместено во подножјето на Баба Планина, на само неколку стотини метри од Преспанското езеро, селото Долно Дупени е вистински рај за оние кои што сакаат да се одморат од градските гужви. Уште додека се движите кон селото, по тесниот, асфалтиран пат може да го почувствувате опојниот мирис на преспанската јаболка, на пченица и пченката. Долно Дупени е село кое изобилува со убавини кои што можат да ги почувствуваат само оние што ќе допатуваат овде. Името води потекло од времето на Цар Самоил, кога делови од неговата ослепена војска биле доведени во Преспа и некои од нив сместени на местото каде подоцна настанало селото. Бидејќи војниците биле со извадени очи (со дупки по лицето) кога требало да се посочи местото на кое тие престојувале, се велело кај „дупените“. Со текот на времето придавката „дупени“ била пренесена на месноста, а подоцна кога на таа месноста настанало и селото, и на него. Постои кажување кое потеклото на името го поврзува за друг настан од времето на турското владеење. Некогаш, во подалечното минато, некојси поп од селото, заради непокорност, од Турците бил обесен на едно дрво со две потенки јажиња (врвци). Според овој настан е градено и пренесувано мислење дека името на селото настанало од албанскиот збор „dy penje“ што во превод на македонски значи „два конци“ (јажиња). Со текот на времето овој збор бил преиначен во „дупени“ и како таков земен за име на селото. Во Преспа постои уште едно село со слично име — Горно Дупени, кое се наоѓа во северозападниот дел на котлината во подножјето на планините Галичица и Петрино на 33 километри оддалеченост од Долно Дупени. Поважна гранка која е во постојан развој и раст е туризмот поради близината на Преспанското Езеро, на кое се наоѓа познатата плажа „Дупени Бич“. Плажата има совршен ситен песок, чадори од трски и лежалки, сосема доволно за да избегате од реалноста и да се одморите. Добрите домаќини се секогаш расположени за разговор, па секогаш ќе слушнете некоја интересна приказна и нема да се вратите без нови познанства. Во месноста Маркова Нога непосредно до селото се наоѓаат и повеќе услужни објекти како ресторани, авто-камп и ноќевалишта. Традиционално како и во поширокиот крај значаен дел од населението заработува и преку печалба во странство.

Ден 18 април 2025

00:01:17