СТРАНЧИНАРСКИ ИГРИ С. Мокриево Повеќе маскирани лица поминуваат по улиците во ова село меѓу кои доминираа странчинарите. Тие претходно со посета на секоја куќа во селото собираа суџуци или домашни колбаси, брашно, но и друг вид намирници од кои направија заеднички ручек. Игрите започнуваат со сурварскиот голем оган сред село а на сам ден Василица ,,странчинарите’’ во разновидни маски и со тропање на ѕвонци – клопотари ги истеруваат злите духови од селото за здрава и успешна година. Од храната што ја собираат се прави традиционалниот качамак со колбаси. На Странчинарските игри во Мокриево се негува и традицијата на делење греана ракија од големите клопотарци на сурварите. Се верува дека секој што ќе се напие ќе нема проблеми со говорот односно малите дечиња нема да пелтечат. Повеќе стотици посетители присуствуваат на ова манифестација, каде доминираа странчинарите кои претходно со посета на секоја куќа во селото собираа суџуци или домашни колбаси, брашно, но и друг вид намирници од кои направија заеднички ручек. Игрите започнуваат со сурварскиот голем оган сред село а на сам ден Василица ,,странчинарите’’ во разновидни маски и со тропање на ѕвонци – клопотари ги истеруваат злите духови од селото за здрава и успешна година. Од храната што ја собираат се прави традиционалниот качамак со колбаси.
Ѕвегорска Сурова е народен обичај во Пијанечкиот крај (денешна Општина Делчево). Обичајот се одвива преку носењето маски, познат под името „Сурова“. Овој обичај е невообичаена процесија на културното наследство, кој води потекло од Ѕвегор. Сè до 1950 година обичајот се изведувал во сите пијанечки населби, а по шеесеттите години опаднала неговата популарност, а обичајот се изведувал сосема срамежливо, но денес веќе доживува целосна ренесанса, со исклучок на селото Разловци. Во целиот Пијанец обичајот се изведува дење. Почнува на 13 јануари со гонење на кучињата, потоа момчињата со себе носат уште една посебно направена удиралка наречена „суроваска“, со која се „удираат“ девојките, а завршува со голем карневал и заедничка гозба. Традиционално обичајот Сурова се изведува на 14 јануари (на Св. Василиј Велики), Нова година по јулијанскиот календар. По традиција сите учесници се машки, а всушност тие со своите маски прикажуваат свадба. Присутна е и „невестата“, која е облечена во невестинска облека и прекриена со бел дувак. Покрај „невестата“ е и „младоженецот“, а нив ги следат тројца белаци, кои се облечени во бела облека и носат голем дрвен нож (сабја) познат како кал’чка. Неизбежен е „попот“, кој вообичаено е облечен како свештеник, во рацете носи дрвен крст и кадилница. Следуваат „мечката“, која има ѕвонец и „мечкарот“ кој ја води со јаже. Учесници се и „мајмунката“ и нејзиниот „мајмунџија“, „данокчијата“, „шеикот“, „ромите“ и „ромките“ облечени во стара изветвена облека и исцрнети со саѓи во лицата. Сите учесници во карневалот се познати под името суроваскари, кои заедно со нивниот одговорен белак водат посебна грижа ниедно семејство да не биде прескокнато. Се мисли дека тие носат среќа, радост и напредок во секое домаќинство. Како дел од народната традиција која се негува во селото Ѕвегор на празникот Свети Василиј секој жител станува рано и в раце зема метални пари и ги растресува за да се слушне нивното ѕвонење, со цел новата година да биде богата. Потоа се изведуваат уште неколку обичаи карактеристични за овој голем ден, проследени со желба за радосен живот на жителите на Ѕвегор.
