30 декември
Беше тоа на 30 Декември 1909 Ѕоле Стојчев Гергев познат и како Ѕоле-војвода, Атеш-паша македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Ѕоле Стојчев е роден в Баница, Леринско тогаш во Османлиското Царство. По влегувањето во Македонската револуционерна организација најпрво бил курир и терорист. Станал четник при војводата Тане Стојчев, а од 1903 година бил лерински војвода, во востаничкиот пункт на планината Кајмакчалан. Учествувал во повеќе борби: кај Беловодица, кај Осои, Попадија, Чеганските Планини и на други места. Во летото 1903 година учествувал во Илинденското востание. По востанието станал околиски војвода. На 11 март 1905 година, здружените чети на Тане Стојчев и Sоле Стојчев имале судир со османлиските сили кај селото Жерви, при што Турците имале големи загуби. По Младотурската револуција, Ѕоле Стојчев се вработил во локалната полиција. Потоа, најпрво учествувал во Сојузот на бугарски уставни клубови, а потоа во Народната федеративна партија. Убиен е во Лерин од страна на некој Турчин, по една грчка провокација. Во спомен на неговите херојства, Ѕоле војвода е опеан во народната песна „Брале се собрале“.
Беше тоа на 30 Декември 1943 Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.
Беше тоа на 30 Декември 1949 Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.
Беше тоа на 30 Декември 1970 Гордана Нацева (Штип) правник, ракометарка. Завршила Правен факултет во Скопје (1998). Била голман на РК “Кометал – Ѓорче Петров“ во Скопје (1991–2005), со кој повеќе пати го освојувала првенството и Купот на Македонија како и Купот на европските шампиони (2002). Со Репрезентацијата на Македонија успешно настапувала на европските и на светските првенства. Нејзин најдобар резултат е седмото место на Светското првенство во Германија (1997). Од Ракометната федерација на Македонија била прогласена за најдобра ракометарка на Македонија во ХХ век.
Беше тоа на 30 Декември 1996 Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставиле дипломатски односи.
Беше тоа на 30 Декември 1997 Во Скопје излезе првиот број на двонеделниот магазин „Форум“
