домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Белица

АванТуризам – Белица

БЕЛИЦА
Белица се наоѓа во Поречката област, во подножјето на планинскиот масив Мокра Планина (Даутица, Јакупица и Караџица) на надморска височина од 600 до 680 метри. Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во турски документи од 1468 година. Белица во минатото се викала Виниче но поради некоја болест населението во него изумрело. Подоцна, селото настанало со доселување од неколку села, како од селата: Бенче, Рамне и еден мал дел од Локвица. За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата бистра река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, не не прифатила и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица. Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата. Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Пантелејмон“ — главна селска црква, изградена во 1889 година; „Св. Никола“ (нарекувана и „Св. Илија“) — изградена во XVI век; „Вознесение Христово“ — помала црква на пат кон селото; „Св. Троица“; и „Св. Талалеј“. Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија. Голубарник позната е по специфичните лилјаци, уникатниот бисер и загадочниот човечки череп; Лапарница според категоризацијата на пештерите во Македонија спаѓа во групата на забележителни пештери; и Момичек важи за една од наколоритните пештери во Македонија. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, Македонци.

Ден 18 април 2025

00:01:17