26 декември
Беше тоа на 26 Декември 1921 избувнал голем пожар во црквата Св. Спас во Скопје.
На 26 Декември 1937 во велешкото Башино село е роден Михајло Маневски. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1960 година. Во текот на својата кариера извршувал голем број на функции. Во 2000 година бил именуван за заменик на јавниот обвинител на Македонија. Во 2002 година бил избран за член на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во декември 2005 година бил избран и за нејзин претседател. По победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите во 2006 година, Маневски бизбран за министер за правда во владата на Никола Груевски. Во 2008 година е реизбран на истата функција, на која останал до 2011 година. Маневски работел на подготвување на голем број законски и подзаконски акти од областа на правосудството, казненото право, финансискиот криминал и корупцијата и во работни тела за изготвување на амандмани на уставни одредби. Учествувал на повеќе меѓународни конференции за прашањата на организираниот криминал, особено финансискиот криминал и корупцијата.
Беше тоа на 26 Декември 1942 Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
На 26 Декември 1943 во битолското село Живојно е роден Панде Петровски. По завршувањето на средното образование во 1962 година, Петровски се запишува на Воената академија на Копнената војска на Југословенската народна армија во Белград, СР Србија, и истата ја завршува во 1965 година со висок успех. По избувнувањето на воениот судир во Македонија во 2001 година тој бил повикан да помогне во настаната ситуација. Неговиот личен став бил дека воениот судир бил агресија наметната од надвор. Враќајќи се во редовите на АРМ тој ја испланирал успешната акција за ослободување и освојување на Тетовското Кале, како и акциите во Арачиново и Кумановско-липковскиот крај.
Беше тоа на 26 Декември 1943 Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
На 26 Декември 1945 во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
Беше тоа на 26 Декември 1954 кога е роден Ванчо Чифлиганец. Во септември 1977 година тој дипломирал и се стекнал со звање дипломиран геолошки инженер. Од 1977 година тој се вработил во рудникот за злато и бакар Бучим во Радовиш, каде што во 1988 година бил избран за генерален директор, позиција на која бил до 1999 година. Чифлиганец бил пратеник во Собранието на Македонија во два мандати помеѓу 1994 и 2002 година. На 28 август 2002 година, Чифлиганец ја формирал градежната компанија Адора инженеринг.
На 26 Декември 1996 во селото Малкоец, Кичевско, умре Сајко Митревски, најстариот (дотогаш) Македонец (110 години). Роден бил во селото Малкоец, на 16 февруари 1886 година.
Беше тоа на 26 Декември 2014 кога почина Боро Чурлевски поранешен македонски ракометен играч и тренер, легенда на македонскиот и битолскиот ракомет. Играчката кариера ја започнал во Пелистер во 1984 година со кој 3 пати ја освоил вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984 и 1988 година. Со матичниот Пелистер, во период од 5 години (1994-1999) освоил две Првенства и четири Купови на Македонија.
