домаБЕШЕБеше 24 декември 2023

Беше 24 декември 2023

24 декември
Беше тоа на 24 Декември 1861 кога во Кукуш е роден Иван Хаџи Николов македонски револуционер, книжар, трговец и еден од основачите на Македонската револуционерна организација. Во почетокот на 90 години на 19 век се нашол во Софија и зел учество во формирањето и дејствувањето на Младата македонска книжевна дружина и списанието Лоза, но поради македонските национални идеали ММКД била растурена од страна на бугарските власти, а Лоза била забранета. Но набргу Хаџи Николов се нашол во Солун. Од 1888 до 1892 г. предавал аритметика и сметководство во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ Во 1893 г. бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница. Неговата книжарницата издавала различни учебници, уметничка литература и друго, делата биле печатени главно во Бугарија, но и во Солун, во грчката печатница на Ираклидис, но и со бугарско т.е словенско одделение. Книжарницата на Хаџи Николов станала една од првите револуционерни жаришта во Солун и преку неа агитирал меѓу учителите и учениците и придонесувал да се шири револуционерната идеја.

На 24 Декември 1861 е роден Никола Петров Русински, македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода – агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО.
Беше тоа на 24 Декември 1924 Во Битола е пуштена во работа првата електроцентрала.
На 24 Декември 1974 во Велес е основан аматерскиот драмски театар „Јордан Хаџи Констатинов – Џинот“.
Беше тоа на 24 Декември 2018 кога починал Ристо Палигора македонски историчар на уметноста и публицист. Бил советник конзерватор во Завод и музеј –Битола, и познат експерт во Македонија од областа на конзервацијата и историјата на уметност. Тој учествувал во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и Битолско и се залагал за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион. Тој бил и вклучен во изработка на проектот за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Преспанско. Бил автор на голем број дела поставени на уникатноста и заштитата на културното наследство, а последната книга ја објавил еден месец пред да почине во ноември 2018 година, била посветена на Влашката црква во Битола.

Ден 18 април 2025

00:01:17