домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Езерото Калиманци

АванТуризам – Езерото Калиманци

Калиманци или Калиманско Езеро — вештачко езеро во источниот дел на Македонија, на падините на Осоговските Планини, во непосредна близина на Македонска Каменица. Езерото зафаќа површина од 4,23 км2 се одликува по големата брегова разгранетост. Тоа управно се наоѓа во општините: Виница, Македонска Каменица и Делчево. Езерото настанало со преградување на долината на реката Брегалница преку изградба на брана во 1969 година, а неговата основна намена е наводнување на оризова површина од околу 28.000 ха, но и на дел од обработливото земјиште во Овче Поле. За таа цел, изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 км и водата ја носи до Овче Поле, а левиот е долг 36 км и ги наводнува површините во Кочанското Поле. Езерото се наоѓа во Истибањската Клисура, на местото каде што Каменичка Река се влева во Брегалница, на надморска височина од 510 м. Должината на езерото е 14 км, а неговата ширина изнесува 0,3 км. Со тоа, езерото зафаќа површина од 4,23 км2. Неговата најголема длабочина изнесува 80 м. Калиманци се одликува по големага брегова разгранетост, така што должината на бреговата линија при просечен водостој изнесува 40,5 км, што е подолго од бреговата линија на Дојранското Езеро. Во езерото има еден остров (Калата) со површина од 1,5 ха и еден микроостров во близина на крајбрежјето кај селото Тодоровци со површина од 0,2 ха. Тоа исто така има неколку заливи и полуострови. Од заливите, најголем е Каменичкиот со должина од 3 км кон градот Македонска Каменица, а потоа следуваат Луковичкиот и Рибничкиот Залив со должина од по 0,8 км. Езерото има поволна клима, а температурата на водата во летниот период достигнува 20 °C. Езерото е богато со риба, а застапени се следниве видови: крап (Ciprinus Caprio), сом (Silurus glanis), црвеноперка (Rutilus rutilus), костреш (Perca fluviatillis), клен (Leiuciscus Cephalus), скобуст (Chondrostoma nasus), снчарка (Lepomis gibbosus), лињак (Tinca Tinca) и други. Природните мрестилишта на крапот, кленот, скобустот и црвеноперката се главно на благите терени во средишниот дел на езерото, додека на сомот се најмногу во северниот дел на езерото. Поволната местоположба и добрата инфраструктурна поврзаност на езерото се добри предуслови за развој на туризмот, а богата рибна застапеност нудат одлични услови за спортски риболов. Освен тоа, долж брегот на езерото има бројни археолошки наоѓалишта од различни историски периоди. Сепак, езерото туристички воопшто не е искористено, а во неговата околина нема ниту еден сместувачко-угостителски објект.

Ден 18 април 2025

00:01:17