домаБЕШЕБеше 22 декември 2023

Беше 22 декември 2023

22 декември
Беше тоа на 22 Декември 1902 Во Крушево е роден Васил Иљоски, академик, еден од најпознатите драмски писатели меѓу двете светски војни, книжевен научник, есеист и истакнат педагошки работник, автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Меѓу неговите најзначајни дела се: “Бегалка”, “Ленче Кумановче”, “Чорбаџи Теодос”, “Чест”, “Кузман Капидан”, “Син и татко”, “Окрвавен камен”, “Свадба” и други. Од особено значење се и неговите трудови од областа на фолклорот, филологијата и литературата. Умре во Скопје, на 1 ноември 1995 година.
На 22 Декември 1908 Во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Во 1939 година во Загреб ја отпечати познатата стихозбирка “Бели мугри”, која претставува вреден израз на стремежите на македонскиот народ и дефинитивно утврдување на македонскиот јазик и афирмацијата на македонската национална култура. Загина во несреќен и нејасен случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.
Беше тоа на 22 Декември 1940 кога е роден Георги Ајановски (Воден, Егејска Македонија) — македонски прозаист и писател за деца. Тој бил евакуиран во Народна Република Југославија на 8-годишна возраст. Дипломирал новинарство во Скопје. Од 1962 до 1997 година работел во НИП Нова Македонија, како новинар и уредник на рубриката во „Вечер“, а потоа како главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“. Постојан дописник на „Нова Македонија“ од Москва. Основач и директор на НИК „Денес“ и на весникот „Македонија Денес“. Автор е на публицистичките трудови „Признавањето на Македонија“, „Сибирски години“, „Елена Галкина-Краснаја“ и на монографијата за „Мирка Гинова“. Автор е на книгите: „Вани“ (роман за деца, 1973), „Вани“ (втор дел, 1998). Член на ДПМ од 1974 година. Добитник е на наградата Крсте Мисирков и на наградата за животно дело во новинарството
На 22 Декември 1943 Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго.
Беше тоа на 22 Декември 1995 кога Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
На 22 Декември 1999 во Софија Премиерите на Република Македонија и на Република Бугарија, Љубчо Георгиевски и Иван Костов, потпишаа Декларација за пријателство и соработка. Декларацијата требаше да биде “решение” за таканаречениот “јазичен спор”. Имено, за Софија, стандардно, Македонците се Бугари, а македонскиот го сметаат за дијалект на бугарскиот јазик.
На 22 Декември 1999 Основана е Либералната партија на Македонија.
Беше тоа на 22 Декември 2008 Љубомир Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Никола Груевски, изнесени во колумна во весникот „Дневник“.
На 22 Декември 2018 Во Велес беше свечено откриен споменикот на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во паркот на пријателството на Велес со Општина Каршијака, Република Турција.

Ден 18 април 2025

00:01:17