Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година.
Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.
Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија.
