домаБЕШЕБеше 12 декември 2023

Беше 12 декември 2023

12 декември
Настани:
Беше тоа на 12 Декември 1933 Сојузот на аграрните задруги при владата на СХС, до највисоките форуми испратиле предлог доселеничките долгови на Колонизациониот фонд да се избришат и со тоа доселениците да се ослободат од давачки.
На 12 Декември 1942 Судот во Атина изрече смртната пресуда на шестемина македонски првоборци: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. Смртната пресуда била спроведена на 26 декември 1942 г.
Беше тоа на 12 Декември 1948 кога е роден Срѓан Керим. Заедно со неговата сестра Сузана, поголемиот дел од детството го поминуваат во Скопје, Истанбул, Минхен и Белград. Дипломира на Факултетот за економија при Универзитетот во Белград во 1971 и докторира на тема од интернационална економија во 1982 Првата должност на Керим поврзана со мултилатералната диплoматија била како Советник на Претседателот на шестата сесија на Конференцијата на Обединетите Нации на тема Трговија и Развој (UNCTAD VI), одржана во Белград 1983 г. Од 1988 до 1991, бил Заменик Министер и портпарол на Федералното Министерство за надворешни работи на Федеративна Република Југославија. Во 1990 бил дел од тимот одговорен за подготовка и учество на првата ОБСЕ конференција за економска соработка одржана во Бон. Тој учествувал и во преговорите со ЕУ (тогашна ЕК) во Договорот за Соработка помеѓу Југославија и Европа (1989 – 1991). За време на неговиот мандат како амбасадор во Германија тој исто така служеше како Специјален Претставник на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа. Од 2000 до 2001 беше Министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија. Потоа бил назначен за Амбасадор и Постојан Претставник на Република Македонија во Обединетите Нации во Њуjорк . На 24 мај 2007, тој е избран за претседател на 62-то Заседание на Генералното собрание на ОН со мандат од 1 година. Д-р Керим е автор на 11 книги, на теми од меѓународна политика, економија и младите вклучувајќи една збирка поезија.
На 12 Декември 1973 во Битола роден е Петар Милошевски, до доаѓањето во Вардар мина цела една деценија во Пелистер. Со Вардар стигна до куп-трофејот по што го направи еден од најголемите трансфери во историјата, директно од македонски клуб во странство потпишувајќи за Трабзонспор. Милошевски беше стандарден македонски репрезентативец, зад неговото име останаа запишани 59 мечеви во националниот тим, освен за Трабзонспор играше и во Малатијаспор, Акчабат и кипарски Еносис по што ја заврши кариерата и беше поставен како директор на репрезентацијата. На 13 март 2014 го загуби животот во сообраќајнна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка.
Беше тоа на 12 Декември 1983 Во Скопје умре Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност. Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во “Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката. Роден е во Прилеп, на 12. мај 1932 година.
На 12 Декември 1992 во шкотскиот Град Единбург,на првиот работен ден на Самитот на дванаесеттемина на ЕЗ, во организација на „Обединети Македонци“ од Канада, беше одржан македонски протест чија цел беше да се извојува дефинитивна победа на македонската вистина и Македонија да биде призната како независна држава.
Беше тоа на 12 Декември 1999 Во Скопје е основана Обединета партија на Ромите во Македонија. За претседател е избран Неждет Мустафа.
На 12 Декември 2008 почина Лилјана Минова – Ѓуркова била истакнат македонист и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ пру Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа е една од најпродуктивните македонски македонисти во областа на македонистиката. Во својот творечки живот објавила над 270 библиографски единици во Македонија, Европа и САД во многу научни списанија, зборници, единици и слично. Како најсовремени и најквалитетни нејзини дела се прифатени универзитетските учебници „Синтакса на македонскиот стандарден јазик“ и „Стилистика на современиот македонски јазик“. Исто така таа е заслужна и за издавање на учебници за летната школа при Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, учебници по македонски јазик за странци и слично. За афирмацијата на македонскиот јазик во странство, Минова – Ѓуркова издала уште две книги: „Граматика на македонскиот јазик за странци“ со превод на француски јазик во 2006 година и во 2007 истата книга со превод на англиски јазик.
Беше тоа на 12 Декември 2013 Стојан Давчев, сопственик и генерален директор на фирмата ДАСТО и на Телевизија МТМ. Давчев е истакнат бизнисмен и менаџер, кој повеќе од 30 години успешно опстојува на територијата на поранешна Југославија, на Балканот, во Европа, Азија, Африка, САД и Канада. За својата работа и стручност има добиено многу награди, дипломи, благодарници и највисоки професионални признанија. Повеќе години беше претседател на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а покрај придонесот за стопанството во земјата, тој беше и голем општественик. Давчев два пати го доби Гинисовиот рекорд за најголем котел сварен грав, на манифестацијата во Сарчиево, Штипско.

Ден 18 април 2025

00:01:17