9 декември
Беше тоа на 9 Декември 1943 кога почина Никола Парапунов — македонски револуционер. Во 1931 година, Парапунов станал член на Бугарската комунистичка партија, а на почетокот на 1932 бил член на окружното раководство на БКП во Петрич. Поради своето делување како комунист, тој бил уапсен и од 1933 до 1941 година бил в затвор. По излегувањето од затворот, преминал во илегала и на 26 јули 1941 година ја формирал разлошката чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. Пиринска Македонија како дел од Царството Бугарија, најрано го кренала својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија. На територијата на Пиринска Македонија, уште во 1941 година, се оформиле партизански одреди под водството на Парапунов, а токму во Пиринска Македонија се одиграла и првата вооружена борба против бугарската војска и, воопшто, првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот. На почетокот од 1943 година, Парапунов станал член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинал кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, Горноџумајско, во борба против бугарска полициска заседа. Тој е опеан во народната песна „Темен се облак зададе.
Беше тоа на 9 Декември 1987 Дамјан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошаркарски репрезентативец, кој моментално настапува во МЗТ Аеродром. Тој игра на позицијата крило. Тој е брат-близнак на кошаркарот Војдан Стојановски и е помлад брат на Огнен Стојановски. Стојановски ја започнал кариерата во Вардар од Скопје, играл за бугарскиот клуб Лукоил Академик, а потоа преминал во МЗТ Аеродром. Со овој клуб, тој бил шампион и освојувач на Купот на Македонија во сезоните 2012/2013 и 2013/2014. Притоа, Дамјан Стојановски бил прогласен за најкорисен играч во финалната серија во сезоната 2013/2014. Во февруари 2015 година, Дамјан Стојановски бил прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2014 година. Дамјан Стојановски е член на кошаркарската репрезентација на Македонија, со која учествувал на четири европски првенства во кошарка: Евробаскет 2009, Евробаскет 2011, Евробаскет 2013 и Евробаскет 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб – Хрватска, Дамјан бил четвртиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 40 бода на пет натпревари.
Беше тоа на 9 Декември 1987 Војдан Стојановски македонски кошаркар, бек на македонската репрезентација и на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје. Тој е брат-близнак на кошаркарот Дамјан Стојановски и е помлад брат на поранешниот кошаркар Огнен Стојановски. Кариерата ја започнал во Вардар при што со него го освоил Купот на Македонија. Веднаш следната сезона се преселил во АМАК СП од Охрид. Во 2011 година се преселил во Украина, каде играл за тамошните клубови Черкаски Мавпи во сезоната 2011-2012, а потоа и за Донецк во сезоната 2012-2013 со кој го освоил украинското првенство. Во сезоната 2013-2014, потпишал за германската Алба Берлин. На крајот на јануари 2015 година, Војдан ја напуштил Алба Берлин и се преселил во МораБанк Андора во шпанската АЦБ лига. Во август 2016 година, се преселил во Севиља, односно Реал Бетис како ново спонзорско име на клубот. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Војдан. Во моментов тој е капитен на репрезентацијата.
Беше тоа на 9 Декември 1997 Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.
Беше тоа на 9 Декември 2001 кога во градот Бризбејн, Австралија, почина македонскиот диригент Ванчо Чавдарски. Тој беше и директор на Македонската филхармонија и многу придонесе за растежот на тој ансамбл, за основањето на Камерниот оркестар на таа институција, како и за афирмација на македонското музичко творештво. Работеше и како шеф – диригент на Симфонискиот оркестар на Радиотелевизија Белград. Во последните години од животот, Чавдарски работеше во Јужна Кореја како диригент и универзитетски професор.
Беше тоа на 9 Декември 2017 кога почина Златко Трајковски – Хинки македонски уметник. Трајковски е роден во Скопје во 1960 година. Од 1986 година почнал да се занимава со колажи, со кои најпрво изведувал анимации во видеопроекти, а подоцна ја користел оваа техника самостојно, често внесувајќи ги овие дела во своите инсталации. Од 1987 година се занимавал со видео: “Closeness”, 1987 (со А .Станковски и Х. Попдучев); “The Song of Love” (со А. Станковски), „Кокино” (со А. Станковски и Д. Абјаниќ), 1996, “Драма на Прогонот”. Позначајни самостојни изложби 1988 – Дом на младите “25 Мај”, Скопје 1989 – Дом на младите “25 Мај”, Скопје, “Closeness” 1990 – Дом на младите “25 Мај”, Скопје (со И.Тошевски) 1993 – Галерија “Мијачки зографи”, Скопје, “Олтар” 1994 – Музеј на Град Скопје, Скопје 2003 – Мигдал – музичко издание 2006 – Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје, Re4m, перформанс
