домаБЕШЕБеше - 02 декември 2023

Беше – 02 декември 2023

2 декември
Беше тоа на 2 Декември 1884 Во Скопје е роден Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), турски поет, еден од основоположниците на современата турска поезија. Умре во Истанбул, на 1 ноември 1958 година.
На 2 Декември 1942 во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
Беше тоа на 2 Декември 1944 кога со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје – Битола и Прилеп – Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница “Македонија сообраќај” на 4 декември 1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.
На 2 Декември 1945 почина Атанас Петров Думев, познат како Велко, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.

Беше тоа на 2 Декември 1946 кога по борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин – Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
На 2 Декември 1952 се одигра пријателски натпревар помеѓу ФК Вардар и Малме. Натпреварот се одигра во Скопје, само пет години по формирањето на Вардар Пред полните трибини, Вардар издвојуваше победа со 3-1.
Беше тоа на 2 Декември 1962 кога е роден Владо Бучковски — македонски универзитетски професор и политичар, поранешен премиер на Република Македонија.
Беше тоа на 2 Декември 1993 Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
На 2 Декември 1998 Владата на Република Македонија донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово.
2 Декември е ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија и Светски ден на укинување на ропството.

Ден 18 април 2025

00:01:17