4 декември
Беше тоа на 4 Декември 1912 По победата во Првата балканска војна, балканските сојузници Србија, Грција и Бугарија потпишаа примирје со Турција.
На 4 Декември 1924 е роден Љубе Петковски македонски снимател, голем мајстор на филмската камера, кој ја одбележал македонската кинематографија во целата втора половина на XX век. Како бард на македонската кинематографија во 1997 година на 18-от Фестивал на филмската камера во Битола, станал лауреат на Златната камера 300 за животно дело, со што Љубе Петковски заслужено влегол во клубот на великаните на фестивалот Браќа Манаки. Во 2010 година го добил почесното признание „Златен објектив“ за неговиот исклучителен придонес во развојот на домашниот филм и во уметноста на филмот, воопшто.
Беше тоа на 4 Декември 1993 кога на изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“, во Охрид, Митрополитот Повардарски Господин Михаил, е избран за поглавар на Македонската православна црква, станувајќи Господин Господин Михаил.
На 4 Декември 1947 е роден Владимир Бороевиќ во Скопје, македонски дизајнер, карикатурист и сликар. Дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје во 1972 година. Во текот на кариерата, Бороевиќ бил графички уредник во списанието „Остен“, сценограф во Вардар филм во Скопје и раководител на Студиото за дизајн и пропаганда во Јака 80 во Радовиш. Самостојно излагал слики во Скопје, Валево, Нови Сад и Битола. Учествувал на меѓународни фестивали за карикатура на кои добил повеќе значајни награди: Гран при во Скопје во 1973 година и Гран при во Истанбул во 1977 и во 1990 година.
Беше тоа на 4 Декември 1958 кога е родена Благица Павловска македонска пејачка на народна музика. Покрај соло кариерата, Благица Павловска понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Благица се и Андријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
На 4 Декември 1995 умре Петар Глигоровски — македонски сликар македонски сликар и режисер на анимирани филмови. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, а анимација специјализирал во Загреб. Тој е еден од водечките претставници на македонската современа анимација. Автор е на првиот македонски анимиран филм „Embrion № M“ во 1971 година.
Беше тоа на 4 Декември 1996 кога во Скопје умре Крум Стојанов, еден од доајените на македонскиот театар, актер. Роден е во Скопје, во 1917 година. Бил член на Драмата на МНТ, а од 1964 г. до пензионирањето актер во Драмскиот театар во Скопје. Бил актер и во белградското Драмско позориште. За него критиката пишува дека е еден од најголемите актери на овој дел од светот, дека тој не само што поседува изворен талент, туку има извори во душата. Негови побитни театарски улоги се во драмите: Тартиф, Како што милувате, Малограѓани, Ученикот на ѓаволот, Јане Задрогаз, Диво месо и др. Добитник е на наградите златен медал “Љубиша Јовановиќ – Шабац за улогата во Диво месо (1980) и Награда 11 октомври за животно дело (1981)
