домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Е З Е Р А

АванТуризам – Е З Е Р А

Особено значење за нашата држава имаат трите тектонски природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското. Тие ги исполнуваат најниските делови во истоимените котлини. Интересно е што до пред околу милион години, речиси во секоја котлина имало големо котлинско или тектонско езеро, а некои од нив биле значително поголеми и од денешното Охридско Езеро. Такви големи езера постоеле на просторот на денешната Скопска Котлина, Кумановска Котлина и Овче Поле, потоа многу големи езера имало во подрачјата на Пелагонија, Тиквешка, Струмичка, Беровско-Делчевска, Гевгелиско-Валандовска и други. Со всекување на реката Вардар кон Егејско Море, најголем дел од овие езера истекле и се исушиле. Од нив останале само трите големи денешни тектонски езера (кои сепак се многу помали отколку што биле во минатото) и неколку мочуришни езерца на днoтo на некои котлини. Република Македонија има околу 70 поголеми или помали природни езера и уште околу 120 вештачки езера, што значи дека вкупниот број на езера е околу 190-200. При тоа, само Охридското Езеро има вода повеќе од сите останати езера заедно.

Ден 18 април 2025

00:01:17