1 декември
Беше тоа на 1 Декември 1891 кога скопскиот митрополит Гологанов сметал дека единствен спас за Македонците од наглата бугаризација е унијатство со Ватикан. Да не дојде до бугаризација тој поднел барање за унија со Римокатоличката црква испратена до папата Лео Тринаесетти. Во своето барање тој образложува: „Во името на целиот македонски православен народ… историското право на македонски православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на странските цркви – Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија… да се обнови Охридската архиепископија… границите на Охридската архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија“.
На 1 Декември 1918 е Создадено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Беше тоа на 1 Декември 1918 кога почина Герасим струмички митрополит. Завршил духовно училиште во Едрене и примил монашки чин. Своето образование го продолжува на духовната богословија во Киев, која ја завршува во 1889 година. До 1891 година бил законоучител во Солунската машка гимназија и ѓакон. На 22 декември 1897 година Герасим Струмички бил избран за канонски струмички митрополит на Струмичката епархија. Исто така со подигањето во архиерејскиот чин, тој влегол во остар конфликт со раководството на Струмичкиот револуционерен округ на ВМОРО и подоцна со Христо Чернопеев, претседателот на Струмичкиот окружен комитет. Конфликтот се заострил особено во 1905 година, по второто осудување “условно” на смрт од страна на Струмичкиот регионален конгрес. Тој е автор и на некои научни трудови со етногеографска и црковна тематика. Ктитор е на соборниот храм Свети Кирил и Методиј – Струмица. Герасим Струмички починал на 1 декември 1918 година во Софија. Бил погребан во криптата на катедралната црква „Свети Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.
На 1 Декември 1927 свечано е осветен новиот официрски дом во Скопје, една од поубавите згради во Скопје, која се урна од земјотрест во 1963 г.
Беше тоа на 1 Декември 1933 кога е роден Никола Кочовски — македонски раскажувач и драмски писател. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како професор. Член на ДПМ од 1973 година. Автор на книгите: Малата Билја (два тома, роман, 1969, 1970), Зарезготини (раскази, 1970), Вознемирена совест (раскази, 1974), Бреме (роман, 1981), Дичовица млада невеста (драма, 1984), Родната грутка (раскази, 1995), Без свое јато (роман, 1999), Исконскиот дар (роман, 1999), Омразениот цвет (роман, 2000). Добитник е на наградата: „4 Ноември“ на градот Битола.
На 1 Декември 1941 е роден Симон Шемов (рoден во Кавадарци) — македонски сликар и графичар, како и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Тој е ден од првите истражувачи на алтернативните насоки во ликовната уметност, со заложба за проширување и испреплетување на медиумите. Ја афирмирал македонската уметност и надвор од државата. Интересирањето за природните феномени е присутно во сликарството, графиката, инсталациите, објектите, интервенциите во природен и урбан простор и особено во делата од рачно изработена хартија (Пантеист, 1967; Детски игри, 1972; циклусот Ангели, 1990; Шума, 2003).
Беше тоа на 1 Декември 1943 кога во Дебарца излезе првиот број на весникот “Братство”, орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.
На 1 Декември 1943 во село Пелинце, Кумановско, е формиран ПРВИОТ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „ЈОРДАН НИКОЛОВ-ОРЦЕ“. Тоа била воена единица на НОВ и ПОЈ. Бил формиран од 116 борци на Скопско-кумановскиот партизански одред и новопристигнати борци.
Беше тоа на 1 Декември 1950 Димче Кичевски (Бегниште, Кавадаречко, 1 декември 1950 – Скопје, 8 август 2015) — македонски легендарен каратист и тренер. Тој дури 21 пат беше државен првак на Македонија и двократен првак на СФР Југославија, а во 1980 година стана и балкански првак. Во 1980 година Кичевски го освои бронзениот медал на ЕП во Австрија. Како тренер ги предводел карате клубовите Вардар и Водно, при што освоил шампионски титули на Македонија, а неговите каратисти освоиле и европски медали. Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години бил и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Кичевски е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“ во 1983 година, признание кое го доделува Град Скопје. До 2013 година работел и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот бил кик-бокс судија. Починал во Скопје на 8 август 2015 година
На 1 Декември 1956 во Бугарија–Пиринска Македонија е извршен попис на населението при што: Во Сандански 89,49% се изјасниле за Македонци, Во Петрич 82,69 %-, Околија Благоевград -52,18% , Разлог 49,05%, Гоце Делчев 45,77%, Округ Благоевград 63,64%
Беше тоа на 1 Декември 1994 кога во Бордо, Франција, на 21. Генерално собрание на Светската федерација на воени ветерани, што се одржа од 1 до 6 декември, Сојузот на борците од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија е примен за полноправен член.
На 1 Декември 2018 умре Иван Катарџиев македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик. Од 1972 до 1978 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Иван Катарџиев е истакнат научник со вонредно богат научен опус во областа на историските науки. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Тој е автор на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на 19 и од првата половина од 20 век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација.
1 Декември е Национален празник во Романија
