домаБЕШЕБЕШЕ - 28 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 28 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

28 ноември
Беше тоа на 28 Ноември 1907 кога биле убиени Иван Гарванов и Борис Сарафов, најистакнатите раководители на македонско-одринското револуционерно движење. Егзекуцијата на двајцата дејци, во тоа време членови на Временото задгранично представителство на ВМОРО, е извршена од Тодор Паница по одлука на Серскиот окружен комитет.
На 28 Ноември 1936 во Скопје се отворени први две јавни телефонски говорници. Првата се наоѓала на плоштадот, пред Стопанскиот дом, односно ресторанот „Метропол“. Втората говорница била во чаршијата, која тогаш особено била прометна. Говорницата била лоцирана точно пред влезот на „Капан-ан“.
Беше тоа на 28 Ноември 1981 кога со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски.
На 28 Ноември 1997 во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија.
Беше тоа на 28 Ноември 2001 кога во Скопје умре Божидар Тодоровски – Бодле, македонски поет, сликар и режисер. Автор е на книгите поезија „Бумеранг“, „Неспогодби“, „Сонетен венец на непризнатите“, „Диво коњче“, „Горчлива нафора“ и „Боемски уроци“.

На 28 Ноември 2015 се случи голем инцидент на македонско-грчката граница. Додека нашата полиција го обезбедуваше поставувањето на ограда на границата, неколку стотини мигранти ја нападнаа со камења при што 18 повредени полицајци, од кои 2 потешко.

Беше тоа на 28 Ноември 2018 кога умре Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја каде што раководел со тимот за културната историја и со Балканолошкото одделение, а до пензионирањето работи како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Од 1991 до 1992 година, академик Блаже Ристовски ја вршеше функцијата потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Беше научен секретар на МАНУ од 1999 до 2002 година, а во периодот од 2011 до 2015 година беше секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука.

Ден 18 април 2025

00:01:17