26 ноември
Беше тоа на 26 Ноември 1919 кога е роден Ѓоце Стојчевски – Амбарче (Тетово, 26 ноември 1919 – Беличица, Гостиварско, 19 септември 1944) македонски партизан, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија. Во негов спомен тетовскиот хемиско-текстилен училиштен центар го носи неговото име. Спомен-куќата на Стојчевски е прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Беше тоа на 26 Ноември 1924 кога на Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.
На 26 Ноември 1968 е роден Андреј Жерновски македонски политичар и градоначалник на Општина Центар во периодот од 2013 до 2017 година. Тој исто така ја извршувал и претседателската функција во неговата поранешна партија ЛДП, а пред тоа бил нејзин потпретседател. Во септември 2017 преминал во СДСМ. Како член на СДСМ тој веднаш станува член и на Централниот одбор на партијата. При правата реконструкција на Владата на Заев тој станува заменик министер за надворешни работи.
На 26 Ноември 1986 во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ , „ЛИК“.
Беше тоа на 26 Ноември 1991 кога беше пуштен во употреба автопатот Велес – Градско.
На 26 Ноември 2004 во Скопје проработи првиот сончев и песочен часовник, поставен на фасадата на Природонаучниот музеј на Македонија. Часовникот е иновација на Коља Асенов, географ и професор по астрономија.
