домаБЕШЕБЕШЕ - 19 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 19 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

19 ноември

Беше тоа на 19 Ноември 1902 кога заврши Битолската битка со победа на српските над турските единици.

На 19 Ноември 1919 во Кочани е роден Благој Попов, носител на „Партизанска споменица 1941“, повеќе години истакнат македонски раководител, познат како успешен претседател на Собранието на градот Скопје во времето на земјотресот во 1963 година и обновата на градот и како еден од претседателите на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

Беше тоа на 19 Ноември 1939 кога во Скопје е роден Андон Дончевски, поранешен фудбалски тренер и играч којшто поголемиот дел од својата играчка, а воедно и тренерска кариера го мина во ФК Вардар од Скопје. Бил репрезентативец на Југославија. Врвот на својата тренерска слава го доживеа токму како тренер на Вардар со кого во сезоната 1986/87 ја освои шампионската титула во првата лига на СФРЈ. Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995.

На 19 Ноември 1944 е ослободено Тетово, како последен ослободен град на територијата на Македонија.

На 19 Ноември 1971 во Скопје е родена Ирена Ветерова. Од 1989 до 1991 членувала во балетскиот ансамбл при МНТ. Во 1993 станала првенка на балетот во Висбаден. Балетската наобразба ја добила при МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на Елисавета Кушовска. Врз своето понатамошно усовршување работела со познати балетски имиња како Маја Плисецкаја, Петар Шауфус и др. Во 2009 година ја добила наградата „Менада“ која се доделува на најзаслужните балетски уметници во Македонија.

Беше тоа на 19 Ноември 1991 кога е одбележана 800-годишнината од живописувањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. Зографирањето на црквата почнало на 15 април 1191 година.

На 19 Ноември 1991 пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донеле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.

Беше тоа на 19 Ноември 1998 кога е конституирано третото (второ по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател е избран Саво Климовски

Беше тоа на 19 Ноември 2004 кога во Прилеп умре Благоја Ристевски – Платнар, македонски писател и новинар. Познати се неговите драмски текстови „Карцинома мамае“, „Спиро Црне“, „Арсениј“, „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“ и „Венко“. Роден е во Прилеп, на 5 март 1940 година.

19 Ноември е Ден на ослободувањето на Тетово и Светски ден на тоалетите (Светска организација за тоалети)

Ден 18 април 2025

00:01:17