домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ПЕШТИ/СКОЧИВИРСКА КЛИСУРА

АВАНТУРИЗАМ – ПЕШТИ/СКОЧИВИРСКА КЛИСУРА

Пешти — клисура на реката Бабуна на јужниот излез од Велес, на 5 километри оддалеченост од устието на реката Бабуна во Вардар. Долга е 430 м. Името го добила по големиот број на пештери во кои се откриени фосилни остатоци од цицачи стари од 70.000 до 10.000 години пред нашата ера. Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит. На високите карпи сè уште живее белоглавиот орел кој речиси е исчезнат од овие простори. Клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природен пејзаж со големи потенцијали за развој на рекреативниот туризам. Пештери – Макаровец – се наоѓа на десната страна на реката, Маркова Пештера – позната по зачуваните остатоци од ранохристијанска црква, Понор, Четири Врати. На Пешти се наоѓаат околу 100 пештери поголеми и помали, а исто така на планината Клепа, а на планината Јакупица се наоѓа и една многу голема до сега не докрај испитана под самиот врв на Солунска Глава на самиот извор на реката Бабуна од каде и што се влегува, а покрај ова тука се наоѓаат и уште неколку други пештери.

Скочивирска Клисура — клисура во средниот до јужниот дел на Македонија која, со преку 80 км, претставува најдолгата клисура во земјата. Почнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешката Котлина. Низ клисурата тече реката Црна, каде течението е всечено во кристалести шкрилци (гнајс) и наместа во гранити. Морфолошки, клисурата може да се подели на три дела: првиот е потегот меѓу Пелагониската и Мариовската Котлина, каде долината од страните има пад повисок од 900 м; вториот дел ја опфаќа широката висорамнина на Мариовската Котлина, третиот дел го опфаќа потегот од утоката на реката Блашица до селото Возарци. За највпечатлив предел на клисурата важи оној помеѓу утоките на реките Бела и Коњарка, каде се среќаваат мошне интересни образби како огромни лонци, брзаци и слапови високи до 3 м.

Ден 18 април 2025

00:01:17