домаБЕШЕБЕШЕ - 13 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 13 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

13 ноември

Беше тоа на 13 Ноември 1882 кога во Кавадарци е роден македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов. Беше борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев, делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО-1903 година, учесник во Илинденското востание-1903 година, учесник на Прилепскиот подвижен конгрес на ТМОРО-1904 година, на Рилскиот конгрес на ТМОРО-1905 година, член на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство. Подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година

Беше тоа на 13 Ноември 1904 кога во селото Зеленич, Леринско, за време на свадбата на свештеникот Ѓорѓи, околу 70 грчки андарти го нападнаа селото и убија 13 мажи, жени и деца, само затоа што жителите се откажаа од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и ја прифатија Егзархијата. Овој масакар, познат како „Зеленичка крвава свадба“, е едно од најголемите злосторства на грчките андарти во Македонија.

На 13 Ноември 1944 Ослободено е Скопје. Околу 500 партизани од кои стотина жени, учествувале во битките за ослободување на градот. За ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Во ослободувањето на Скопје учествуваат Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесеттата македонска бригада, додека градот го бранеа единиците на 22-та гренадирска германска дивизија (47-иот и 65-тиот полк) и делови од 11-тата воздухопловна десантна дивизија и други групи од разни единици. На германците при повлекување не им успева целосно минираната железничка станица Скопје да ја дигнат во воздух, падна само средишниот дел. Исто така, по жестоки борби било спречено да ја минираат и хидроцентралата Матка. Со помош на ударните групи на месното население, македонската војска успеа да ги разбие балистите и Германците и со тоа да ја сочува хидроцентралата, како и Скопје од евентуална поплава.

На 13 Ноември 1959г во Пишица, Пробиштипско е роден Хари Костов, прв генерален директор на Комерцијална банка а.д. – Скопје и поранешен министер и премиер на Република Македонија.

Беше тоа на 13 Ноември 1971 кога во Скопје, на Кале, е отворена новата зграда на Музејот на современа уметност, подарок од Владата на Полска во рамките на солидарната меѓународна помош по земјотресот во Скопје, во 1963 година.

На 13 Ноември 1981 отворен е Скопскиот железнички јазол, при што беше предаден во употреба новиот транспортен центар.

Беше тоа на 13 Ноември 1991 кога фудбалската репрезентација на Југославија го одигра својот последен официјален натпревар. За селекцијата предводена од Ивица Осим од првата минута на тој натпревар настапи и нашиот Дарко Панчев, додека Илија Најдоски беше на клупата за резервни фудбалери.

На 13 Ноември 1994 во Гостивар е роден Висар Муслиу, македонски професионален фудбалер и репрезентативец. Муслиу бил дел од македонската фудбалска репрезентација до 21 година од 2013 до 2017 година, со 12 натпревари. Тој бил дел од првата генерација на Македонија до 21 година која се квалификувал на завршниот турнир.

На 13 Ноември 2006 Европската Унија одобри преговори за визни олеснувања за Западен Балкан.

13 Ноември е Ден на ослободувањето на Скопје и Ден на македонското друштво на ортопеди и трауматолози

Ден 18 април 2025

00:01:17