домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ШТИП

АВАНТУРИЗАМ – ШТИП

Штип – град во источниот дел на Република Македонија, распространет по долината на реката Брегалница. Се протега на површина од 13,5 км2 и лежи на надморска височина од 300 m. Според пописот на населението од 2002 година, градот имал 40.016 (43.625 со Ново Село). Во пишуваните документи, името Астибо за првпат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр. н.е, кој известувал дека во реката Астибо (денешна Брегалница), биле крунисувани пајонските кралеви. Научниците го лоцираат Астибо на просторот од денешниот стар дел на градот Штип, на источните падини на ридот Исар и местата Стар Конак, Тузлија и Горно Маало. Градот е забележен и во Табула Појтингемијана (античка карта од 4 век) како населба, една од станиците на патот за Стоби-Пауталија (Ќустендил) – Сердика (Софија). Во градот работат и неколку сместувачки капацитети (хотели и мотели), како што се: „Оаза“, „Изгрев“, „Гарни“, „Ким“ и „Ваго“. Во контекст на развојот на туризмот, важно е работењето на бањата „Кежовица“. Штип е познат по тоа што првата опера во Македонија е прикажана токму во овој град. Тоа била операта “Палјачи”, изведена во 1924 година од страна на рускиот музиколог Сергеј Михајлов. Почнувајќи од 1989 година, секој ноември, во Штип се одржува најголемиот фестивал на забавна музика во Македонија, „Макфест“. Исто така, почнувајќи од 1987 година, во градот се одржува „Штипско Културно Лето“ – фестивал кој трае еден месец и се одржува од 1 јули до 1 август во културниот центар „Ацо Шопов“. Домот на младите е организатор на џез-фестивалот „Астибо“. Најпосле, секоја година, на 8 ноември, во Штип се одржува манифестацијата “Пастрмалијада”. Поважни културни установи во Штип се: Завод и Музеј, Народен театар, Центар за култура “Ацо Шопов”, Дом на млади, Уметничка галерија “Безистен”, и Државен архив. Во Штип и околината се регистрирани над 300 цркви, а гордост на градот е црквата Св. Никола, која е седиште на Брегалничката епархија.

Ден 18 април 2025

00:01:17