Берово – град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини, чии општински граници се простираат на површина од 598 км2. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некојси сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите малешевски села. Берово има четири цркви, две капелни цркви, плус една црквичка во месноста Туртела, каде монахињите од манастирот “Свети Архангел Михаил” поседувале манастирски имот, каде што чувале стока, а во црквичката обавувале богослужба односно молидбени обреди. Музеј на град Берово, ,, Домот на културата „Димитар Беровски“ е единствената институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот во општина Берово. Беровско Езеро се наоѓа на 6 км од Берово, Браната е изградена во 1970 г. со височина од 60 м. и една од најголемите брани во Р. Македонија. Бреговите на езерото се со бујна борова и листопадна шума. Околу езерото се наоѓаат голем број на викендици и вили, а тука се наоѓа и познатиот туристички центар Аурора.
