домаБЕШЕБЕШЕ - 10 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 10 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

10 ноември

Настани:

Беше тоа на 10 Ноември 1889 Српското Министерство за надворешни работи му дало одобрение на своето пратеништво во Цариград за печатење на останатите учебници на македонски јазик од серијата српски учебници наменети за училиштата во Македонија.

Беше тоа на 10 Ноември 1907 кога починал Лазар Маџаров македонски револуционер. Учествува во Илинденското востание како воjвода на чета во планината Странџа. По востанието ja раководи организациjата во Родопите и Западна Тракиja. Загинал во битка со Турците во селото Лаџаќој, Западна Тракија со Петар Васков, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков. Денес гробот на револуционерите се наоѓа во старото егзархиско гробиште во Лутрос.

На 10 Ноември 1931 во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери “Пајажина”, “Малиот принц” и “Аретеј”, како и многу други дела. Умре во Загреб, на 12 септември 1996 година.

На 10 Ноември 1932 за прв пат е отворена цвеќарница во Скопје

На 10 Ноември 1942 во с. Владимирово-Беровско е роден Михаил Левенски. Завршил Медицински факултет во Скопје и специјализирал невропсихијатрија. Преку трибините, радиото, телевизијата и печатот, се докажа како неуморен хуманист и фанатичен поборник на вистината, правдата и човековото достоинство. Создаде и повеќе книжевни дела, радио и ТВ драми и сценарија за филмови. Починал на 28 септември 2010 година во Скопје. Ликот и делото на Д-р Михаил Левенски продолжува да живее преку фондација со неговото име на 70 годишнината од неговото раѓање.

Беше тоа на 10 Ноември 1944 кога во Прилеп било основано Здружението на ликовните уметници при што за прв претседател бил избран Никола Мартиновски.

Беше тоа на 10 Ноември 1946 кога во Сомбор е роден Драган Мутибариќ, најголемото голманско име во фудбалскиот клуб Вардар. Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја. Беше и државен репрезентативец на Југославија.

На 10 Ноември 1968 умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се “Растрел”, “Бегалци”, “Блокада”, “Луѓе и птици”, “Солунските атентатори” и други. Автор е на сценаријата на филмовите “Солунските атентатори”, “Под исто небо”, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите “Мементо” и “Републиката во пламен”. Роден е во Скопје, на 25 декември 1920 година.

На 10 Ноември 1994 Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации „Еурека 94“, на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.

Беше тоа на 10 Ноември 2006 кога почина Вера Ацева македонска партизанка, борец во НОБ и народен херој на Југославија. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум. По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ, е избрана за министер за земјоделство. Во Владата од 1951 година е избрана за министер – претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ. Во 1991 година ја објавува својата книга „Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо“. За народен херој на Југославија, прогласена на 29 ноември 1953 година.

10 Ноември е Светски младински ден и Светски ден на науката

Ден 18 април 2025

00:01:17