Дебар е град во западниот дел на Македонија. На старословенски јазик именката дебар (дьбръ) означува долина, котлина. Легендите поинаку го толкуваат потеклото на името, патувајќи по стрмните патишта ги заморувале коњите и ги терале со „Ди-бре, ди-бре! “. Градот се наоѓа на самиот брег до Дебарско Езеро, кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во 1969 година. Планините и брдата Крчин, Тикварци и Пашина Ливада му даваат убав изглед. Низ Дебар минуваат Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река. Водата од овие реки се влева во Црн Дрим. Покрај трговијата било многу развиено занаетчиството – којунџискиот, терзискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, опинчарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Во почетокот на XIX век почнува да се развива печабарството. Денес потомци има во Солун, Софија, Белград, Букурешт, а во Скопје има во „Дебар Маало“. Во 17-19 век развиена била резбарската школа. Нејзините претставници изработиле иконостаси во Македонија, Бугарија, Србија па дури и во Русија. Во селото Рајчица се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец. Во селото Долно Косоврасти се наоѓа бања Косоврасти каде што термоминералните води мирисаат на расипано јајце односно на сулфур. Токму овие води се „виновниците“за креирање на кристална планина, каде е рудникот на Кнауф. Рудникот под површината има гипс од три типа: алабастер, анхидрит и кристалот селенит. Најредок од овие е селенитот со чистина м 99% и ова го прави единствен во светот, друга пештера каде што има селенит се наоѓа во Мексико. За жал „Кристалната пештера“ не е туристичка атракција, но постои начин да се посети доколку се договорите со претходна најава во рудникот и добиете водич.
