Демир Хисар – град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, име што Турците го дале, би значело Железна Тврдина. Интересни за туристите, се валавниците во с. Вирово и с. Слоештица, ткаење на волнени јамболии, ковачки занает, производство на ќумур, правење на вар, изработка на домашни ракотворби со народни мотиви, рачна изработка на волнени килими, резбарство, казани за варење на домашна ракија, изработка на бочви и каци. По охридско, тука се наоѓаат најзначајните и најубавите црковно-манастирски комплекси: ”Свети Јован Претеча” с.Слепче, ”Свети Атанасиј Александриски” с. Журче, ”Свети Петар” с. Смилево и “Свети Никола Топлички” во Топлица. Во т.н. демирхисарска школа создавани се врвни уметнички сликарски и резбарски дела. Демир Хисар нуди можност за развој на алтернативниот туризам поточно ловниот туризам, екотуризам, селски туризам итн. Посетителите имаат можност да ги видат изворите на Црна. Да не ги заборавиме и собирачите на билки од околните села, кои собираат најразлични плодови, лековити билки, печурките, шумски плодови со одличен квалитет. Главна институција е Домот на културата „Илинден“ место каде се случуваат многу јавни културни манифестации (презентации, рецитали, средби, и сл). Библиотеката АЛ-БИ претставува културно и духовно добро со илјадници наслови каде се чуваат првите македонски изданија по Олободувањето, голем број на весници, списанија, публикации, сепарти, звучни записи, научно-истражувачки проекти, елаборати, дипломски работи, географски карти, фотографии итн. Благодарение на книгата овде се покажа дека турзмот може да прозвучи како посебна занимливост, притоа Библиотеката станувајќи возбудливо туристичко одредиште. Од неодамна во состав на Библиотеката е отворено етно-соба и изграден е првиот приватен амфитеатар. Во Демирхисарско има многу јавни манифестации, од кои најпознато e прославувањето на “Смилевскиот Конгрес“. Исто така 2 септември е познат како датум на ослободувањето на Демир Хисар. Секое семејство прославува поголем дел од верските христијански православни празници, и има своја куќна слава. Најчеста слава е славата на Светецот “Св. Никола”, па во негова чест најголем дел од селските цркви го носат тоа име. Исто така и Празникот Илинден во чест на “Св.Илија” се празнува како манастирска слава во многу села: Големо Илино, Mало Илино, Журче, Церово и Зашле. Тогаш се одржува општонародна веселба на планинските падини крај манастирот Св. Илија на Илинска Планина. Во зимските празници посебно се празнува Василица, која е еден од најбучните, највозбудливите и највеселите празници во Демир Хисар. Богатството на овој празник го прават БАБАРИТЕ, маскирани машки лица во невеста, зет, мечкар, мечка и др. Бабарската група ја следат деца и повозросни, и претствува вистинска атракција. Најкарактеристични се бабарите во Слоештица, Базерник, Жван, Големо Илино и др.
