домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - КРУШЕВО

АВАНТУРИЗАМ – КРУШЕВО

Крушево – град во западниот дел на Република Македонија, во пазувите на Бушева Планина. Со 1.220 метри надморска височина, претставува единствен планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот. Крушево денес е град-музеј, градот на некогашната Крушевска Република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Крушевските градители, зографи и резбари стануваат познати имиња и во соседните земји. Меѓу најстарите сакрални објекти, се смета црквата „Свети Никола“(1832), опожарена за време на Илинденското востание. Во самиот град се подигнати четири цркви. Манастирот „Свето преобразение“се наоѓа на осум километри од Крушево. Тоше Проески го почна неговото градење не само финансиски туку и физички, вградувајќи се себе во обновувањето на овој манастир. Посебно обележје на Крушево е староградската архитектура која особено го трогнала архитектот Ле Корбизје. Најзначајни одбележја се: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република, Галеријата на Никола Мартиноски; Споменикот на националноослободителната борба и Илинденското востание, Споменикот на Мечкин Камен на авторот Димо Тодоровски, Музејот на НОВ, Музејот „Леарница“, Спомен-куќата на Тоше Проески. Тука е и одличниот вкус на традицијата кој може да се доживее во локалните ресторани, вкусните чомпек, кукурек, комитскиот кебап, плескавица, крушевско грне, крушевска пита со кисело млеко и питулици, крушевски локум и целувки. „10 дена Крушевска Република“трае од 1 до 10 август. Во текот на летниот период Крушево нуди услови за секаков вид планинарење, излети во природа, риболов во Крушевското Езеро. Зимската сезона трае од ноември до крајот на март. Тука има патеки за алпско и нордиско скијање, специјални патеки за биатлон, но и патеки за планински велосипедизам. Тука е и спортскиот центар „Гумење“, а на Мечкин Камен се одржува светски куп во параглајдерство.

Ден 18 април 2025

00:01:17