домаБЕШЕБЕШЕ - 28 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 28 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

28 октомври
Беше тоа на 28 Октомври 1869 кога во Охрид е роден Стефан Јакимов Дедов, македонски деец, основач на македонскиот клуб со читалиште во Белград, издавач на неговиот орган „Балкански гласник“ и во Софија на весниците „Балкан“ и „Курир“, член на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и коавтор, заедно со Мишајков, на Меморандумот до руската влада, прва македонска националноослободителна програма. Умре во Софија, на 19 септември 1914 година.

Беше тоа на 28 Октомври 1912 ,по ослободувањето на Мелник и околијата и по воспоставувањето на месната народна власт, во која покрај македонската имало припадници и на влашката, на грчката и на други народности, Сандански формирал одред од 300 души и заедно со војводите Стоју Хаџиев, Димитар Арнаудов, Ѓорѓи Казепов, Крсто Чапрашиков, Иван Чонтев и четата на А. Бујнов кој останал на лекување во Неврокоп, на маски и на коњи тргнале за Солун.Одредот од 300 Македонци предводен од Сандански, заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев влегол во Солун.

На 28 Октомври 1947 во Скопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.

Беше тоа на 28 Октомври 1992 ,во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.

Беше тоа на 28 Октомври 1989 кога во Скопје почина Димитар Гешовски, театарски, филмски и телевизиски артист. Во својата богата уметничка дејност остварил над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Гешоски учествувал во театарски претстави, како: “Кралот на Бретањова’’ од Иван Цанкар, “Без вина виновник’’ од Островски, “Ружа на ветровите’’ од Шпак, “Вујко Вања’’ од Чехов, “Вејка на ветрот’’ од Коле Чашуле, “Како Џими’’, “Случајот форестер’’ од Брикли, “Заеднички стан’’ од Добричанин и многу други. Како еден од водечките глумци на Народниот театар во Прилеп во првата негова деценија, Гешовски повремено се занимал и со режија. Ја постави комедијата „Роднини од Америка“, реализира и една куклена претстава. Димитар Гешоски е добитник на неколку признанија, меѓу кои и на наградата „13 Ноември“.
Беше тоа на 28 Октомври 2006 почина еден од последните доајени на македонската народна музика Наско Џорлев. Со неговата хармоника зад себе има оставено стотици песни како “Не кажувај либе добра ноќ”, “Во Стумица на улица”, “Фато мори душманке”, “Кажи, кажи облаче ле бело”, “Дедо мили златни” и многу други.

Ден 18 април 2025

00:01:17