домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ-БАБУНСКИ ВОДОПАДИ И СТАНЕЧКИ ВОДОПАДИ

АВАНТУРИЗАМ-БАБУНСКИ ВОДОПАДИ И СТАНЕЧКИ ВОДОПАДИ

Станечкитe водопади на Козја Река се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, на осум километри од Крива Паланка. Водопадот е на надморска височина од 1160 метри. Неговата височина изнесува 11 метри, и тој е најголем постојан водопад на Осоговските Планини. Водопадот е релативно пристапен и се наоѓа во густа букова шума, што заедно со бистрата речна вода која се прелева кон околината му дава посебна убавина. Спротиводно по реката, кон повисоките делови има уште неколку мали водопади кои го надополнуваат амбиентот.

Бабунски Водопади живописен предел со водопади во Општина Чашка, средишна Македонија. Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од големиот извор Бабина Рупа (дупка) на 1450 метри. По 53 км. се влева во Вардар на 5-6 км. јужно од Велес. На Јакупица има две леднички високопланински езера. Се наоѓаат на околу 2000 метри надморска височина североиcточно под врв Убава. Разделени се од мал праг на морени. На територијата на Јакупица има неколку цркви и манастири кои можат да го привлечат вниманието на љубопитните. Можат да се споменат – Марков Манастир кај селото Маркова Сушица, на северното подножје на Китка, манастирот Зрзе над истоименото село на јужниот крај на Даутица, црквата Света Богородица над селото Согле на делницата Јакупица. Водопадите се сместени во Општина Чашка. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.

Ден 18 април 2025

00:01:17