домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ-СКОПСКА ЦРНА ГОРА

АВАНТУРИЗАМ-СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Скопска Црна Гора е средновисока планина во северниот дел на Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови. Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири, на пример манастирите Матејче и Свети Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света Богородица на западната страна. Скопска Црна Гора или уште позната и како Света Гора поради присуството на цркви и манастири во поголемиот дел на територијата, претставува населено место со селата.Секое православно село се одликува со посебна црква и манастирски комплекс кои изобилуваат со природна убавина и пленат со својата старост. Не случајно името Света Гора доаѓа од бројните светилишта, меѓу кои се вбројуваат манастирите во: св. Илија Мирковци (Чардак), св. Илија Бањане, св. Архангел Михаил Кучевиште, св. Атанасиј Велики Глуво, св. Богородица Побожје, св. Богородица Горњане, св. Ѓорѓија Мирковци, св. Богородица Мирковци (Чардак), св.Спас Кучевиште, св. Никита Горњане, повеќето манастири се со старосна граница од XIV век па нагоре. Во повеќето манастири може да се ноќева, односно манастирот овозможува престој од една ноќ доколку има потреба за истото, а такви се: Св. Никита, Св. Архангел, Св. Илија итн. Покрај природните убавини и планинскиот масив неизбежно е да не се споменат туристичките места и локаци за рекреативен одмор, освен во манастирските комплекси и во нивната непосредна близина, во туристички места се вбројуваат и: Национален ресторан Чардак, излетничка локација „Две реки„ с. Бродец/Побожје, Археолошко наоѓалиште – с. Бразда, Врв Рамно, Етно-ресторан „Вила Весница“, Рибник – с. Бањане. Како територија што изобилува со бројни цркви и манастири неизбежно е да се изостават деновите на нивното празнување, на територијата се празнуваат празниците на присутните светци како еден вид на панаѓур, кои имаат бројна посетеност и скоро сите се во траење од два дена, на 26.јули, празнувањето на празникот и името на светецот е во чест на Св. Архангел Михаил во с. Кучевиште, празникот на св. Илија кој се празнува на 1. и 2. Август во манастирот св. Илија во Чардак, додека на 2. август се празнува во с. Бањане. На 27, и 28 август се празнува празникот на Голема Богородица, во манастирот Св. Богородица во с. Бањане, потоа на 11.септември се празнува празникот Св. Јован во с. Бањане каде што манастирот дава ручек за присутните, 21.септември Мала Богородица во с.Мирковци (Чардак), се дава ручек, потоа св. Никита 28.септември во с. Горњане итн.

Ден 18 април 2025

00:01:17