домаUncategorizedНов протест за скандалот „Онкологија“ пред Владата

Нов протест за скандалот „Онкологија“ пред Владата

Вечерва нов протест поради  случувањата на Клиниката за Онкологија. Се бара истрага за можна вмешаност на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата за работата на Детска онкологија, како и целосна ревизија на работата на клиниката.

Организаторите на протестот велат дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите.

Обвинителството отвори истрага за случајот, откако во медиумите беа објавени информации за криминална бизнис мрежа на Клиника за онкологија за препродавање на лекови, односно дека биле вклучени повеќе доктори и медицински лица од Клиниката.

Ден 18 април 2025

00:01:17