Цените на недвижностите во Србија бележат значителен пораст во последните години, особено во големите градови како Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Во Белград, 100.000 евра денес овозможуваат купување на гарсоњера во центарот или скромен двособен стан во периферните делови како Земун и Миријево. Во останатите градови, истата сума може да обезбеди значително поголем стан – во Ниш и Крагуевац дури до 100 квадрати, во зависност од локацијата и условите. Покачувањето на цените, кое во текот на годинава достигна дури до 30%, според експертите, би можело дополнително да се зголеми со новите поволни услови за станбени кредити кои ќе ги воведе Народната банка на Србија. Со оглед на најавените мерки, многумина се очекува да побрзаат со купувањето недвижности во почетокот на 2025 година, што би можело уште повеќе да ја зголеми побарувачката и цените.
