Црногорскиот премиер, Милојко Спајиќ, изрази намера да ги подобри односите со Хрватска, кои, како што рече, биле запоставени. Оваа изјава ја даде во разговор со претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива, Адријан Вуксановиќ, во Собранието на Црна Гора. Спајиќ потенцира дека постои потреба од обновување на билатералната соработка и зацврстување на регионалните врски со цел унапредување на стабилноста и европската интеграција на Западен Балкан. Односите меѓу Црна Гора и Хрватска беа нарушени откако црногорскиот парламент усвои резолуција предложена од Андрија Мандиќ за осуда на геноцидот во логорите Јасеновац, Дахау и Маутхаузен. Овој потег предизвика дипломатски реакции, а Хрватска испрати протестна нота до Црна Гора, предупредувајќи дека таквите акти би можеле да го забават пристапувањето на земјата кон Европската Унија.
