домаВести„ВИЗЕР" ГИ УКИНА ЛИНИИТЕ ЗА КЕЛН, КОПЕНХАГЕН И СТОКХОЛМ - НОВИ АВИОЛИНИИ...

„ВИЗЕР” ГИ УКИНА ЛИНИИТЕ ЗА КЕЛН, КОПЕНХАГЕН И СТОКХОЛМ – НОВИ АВИОЛИНИИ ЗА ДУБАИ, БАРСЕЛОНА И ИСТАНБУЛ ВО 2025

Со зимскиот распоред на авиокомпанијата „Визер”, скопскиот аеродром ги загуби линиите за Келн, Копенхаген и Стокхолм. Овие дестинации веќе не се достапни на веб-страницата на авиокомпанијата, и засега нема најави дали ќе бидат повторно воведени со летниот распоред. Компанијата се повлече од Келн поради зголемените такси на аеродромот Келн-Бон, но за да ги задоволи патниците за Германија, ги зголеми летовите од Скопје до Дортмунд на шест неделно, а за време на новогодишните празници, ќе има летови секој ден. За патниците кои патуваа до Копенхаген, „Визер” препорачува летање до блискиот аеродром Малме, додека Стокхолм останува непокриен. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во 2025 година скопскиот и охридскиот аеродром ќе воведат шест нови авиолинии. Од Скопје ќе може да се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, додека од Охрид до Истанбул и Базел Милхауз. Според министерот, државата субвенционира дел од патничките трошоци, очекувајќи 200.000 дополнителни патници со овие нови линии.

Ден 18 април 2025

00:01:17