домаСВРТИ НА ИГРАКОНЦЕРТОТ НА БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР НАСЛОВЕН „ЕВЕРГРИН“ BIG BAND EDITION ГИ ВООДУШЕВИ...

КОНЦЕРТОТ НА БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР НАСЛОВЕН „ЕВЕРГРИН“ BIG BAND EDITION ГИ ВООДУШЕВИ ПРИСУТНИТЕ

-Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција, а на иницијатива на професот Марјан Бакревски, во Битола оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка.

Во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концертот на Битолскиот дувачки оркестар: „Евергрин” Big Band Edition, кој работи под раководство на професорот по кларинет Марјан Бакревски.

Битолчани кои присуствуваа во салата на Центар за култура имаа, еден час,  уникатна можност да присуствуваат на концертот, а на програмата беа поместени светски познати инструментални евергрини, како и македонски класици, во изведба на фантастичниот Битолски дувачки оркестар.

Специјален гостин на вечерта беше харизматичната пејачка Ана Петановска, која со својот глас ќе внесе дополнителна магија на сцената, а неа битолската публика ја знае како девојката која маѓепсува со својот глас.

Ден 18 април 2025

00:01:17