Пејачката Адел се расплака откако ја виде легендарната Селин Дион за време на нејзиниот настап во Лас Вегас. Додека ја изведуваше песната When We Were Young, Адел и пријде на Селин и ја прегрна, а во тој момент не можеше да ги задржи солзите. Емотивниот момент го снимил еден обожавател во публиката, кој подоцна го објавил на Икс.
