домаВестиВИСОКА СТАПКА НА ПУШАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА, МАЛ ИНТЕРЕС ЗА ОТКАЖУВАЊЕ

ВИСОКА СТАПКА НА ПУШАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА, МАЛ ИНТЕРЕС ЗА ОТКАЖУВАЊЕ

Според Институтот за јавно здравје, 45,4 отсто од населението во Македонија се активни пушачи, што ја прави земјата една од водечките во регионот по употреба на тутун. Само 5 отсто од граѓаните успеале да се откажат од пушењето во последните години, а бројот на оние кои бараат стручна помош е минимален. Во 2023 година, советувалиштата за откажување од пушењето примиле само 43 лица, што покажува ниска заинтересираност за овој вид поддршка. Пушењето претставува значителен ризик за здравјето и е меѓу водечките фактори за развој на хронични болести. И покрај достапноста на стручна помош, потребни се дополнителни мерки и активности за подигнување на свесноста и мотивацијата кај населението за да се намали стапката на пушачи во земјата.

Ден 18 април 2025

00:01:17