Велко Неделковски е роден на 28 октомври 1946 година во Скопје. Тој е истакнат македонски писател, раскажувач, романописец, поет и драматург.
Неделковски завршил гимназија во Скопје. Студирал на Филозофскиот факултет во родниот град, а работел во Македонската телевизија, како драматург и сценарист, а бил и уредник на играната програма за деца. Во 1980 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.
Голем дел од книжевното творештво на Неделковски отпаѓа на книжевноста за деца. Тој ги негува речиси сите книжевни жанрови: расказ, сказна, роман, драма и поезија. Покрај тоа, тој е автор и на неколку сликовници, како и на романот-сликовница „Зеленкапа во шумата Еколо“ (во десет книги). Неделковски е автор на околу 60 радио-драми кои биле изведени на Радио Скопје (Македонското радио), а некои од нив се преведени и изведени во странство (Радио Сараево, Радио Нови Сад, Радио Братислава, Радио Белрин итн.).
