домаUncategorized200 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ СТИГНУВААТ НА КОСОВО Засилување на НАТО во регионот по...

200 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ СТИГНУВААТ НА КОСОВО Засилување на НАТО во регионот по настаните во Бањска

Обединетото Кралство ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон Кралскиот полк на принцезата од Велс во наредните денови – за да се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои веќе се во земјата како дел од годишната вежба, велат тие.

НАТО потврди дека одлучи да испрати 200 британски војници како засилување по последните настани во селото Бањска во кои загина еден припадник на косовската полиција и тројца Срби, пренесува Коссев.

„Британските сили ќе бидат распоредени во мировната мисија на НАТО на Косово на барање на НАТО. Ова е последица на насилниот напад врз косовската полиција на северот на Косово на 24 септември и зголемувањето на тензиите во регионот“, соопшти Министерството за одбрана на Косово.

Оттаму наведуваат дека претходно било испратено барањето на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа (SACEUR), а потоа и одобрувањето на Северноатлантскиот совет.

„Обединетото Кралство ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон Кралскиот полк на принцезата од Велс во наредните денови за да се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои веќе се во земјата како дел од годишната вежба“, велат тие.

Министерството за одбрана на Велика Британија пред два дена потврди дека командата на армискиот баталјон ја префрлила на НАТО за да може да пружи поддршка на Косово доколку е потребно, објави тогаш Ројтерс.

Ден 18 април 2025

00:01:17