домаВестиДСЗ ИЗЛЕЗЕ СО ЗАГРИЖУВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ - ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР СО ДЕПРИМИРАЧКИ БРОЈКИ

ДСЗ ИЗЛЕЗЕ СО ЗАГРИЖУВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ – ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР СО ДЕПРИМИРАЧКИ БРОЈКИ

Државниот завод за статистика (ДСЗ) излезе во јавноста со информација за големо намалување на насадените површини со некои од традиционалните земјоделски продукти, но и за намалување на приносите на дел од традиционалните култури. Бројките говорат дека имаме намалување на засадените површини со пченица и тутун, додека има раст кај површините засадени со јачмен и домати. Сепак, кај доматите, и покрај растот на насадените површини, се намалени произведените количества од оваа култура. Податоците откриваат дека во Македонија земјоделските површини засадени со пченица значително се намалиле, па од некогашните 80.980 хектари колку што биле посадени во 2013 година, во текот на минатата 2023 година со оваа житна култура биле засеани само 69.522 хектари. Намалување имаме и кај засадените јаболка и винови лози. Имено, од 4.385.971 засадени јаболка во 2013 година, нивниот број се намалил на 4.056.034 стебла во 2023 година. Исто така и кај грозјето има намалување, па од 82.354 илјади родни пенушки во 2013 година, нивниот број се намалил на 78.778 илјади стебла минатата година. Од друга страна, статистичарите утврдиле дека кај засадените површини со домати имаме раст. Па од 5.457 хектари во 2013 година, површините на кои се засадува овој зеленчук се зголемиле на 5.666 хектари. Но се забележува уште една негативна појава во македонското земјоделство. А тоа се слабите приноси по хектар. Зачудува фактот што иако имаме раст на површините што биле засадени со домати, произведените количества се намалиле. Па така, кај доматите, од некогашните 23.999 килограми добиени од еден хектар во 2013 година, количеството спаднало на 20.541 килограм од хектар.

Ден 18 април 2025

00:01:17