домаСВРТИ НА ИГРАЈОВАНА МИЛАДИНОВА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО НАЈМЛАДА ДОБИТНИЧКА НА НАГРАДА ОД МЕСС...

ЈОВАНА МИЛАДИНОВА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО НАЈМЛАДА ДОБИТНИЧКА НА НАГРАДА ОД МЕСС ФЕСТИВАЛОТ

Јована Миладинова влезе во историјата како најмлада добитничка на награда од МЕСС фестивалот. Младата македонска актерка Јована Миладинова, иако е на почетокот на својата кариера, веќе ги освои срцата на публиката и критиката со своите извонредни изведби. Во краток временски период, таа освои три значајни награди, вклучувајќи ја и наградата на престижниот MESS фестивал, што ја направи најмладата добитничка на ова признание. Со својот уникатен пристап кон улогите и бескрајна посветеност кон театарот, Јована не само што го освојува вниманието на јавноста, туку и постојано се развива како актерка, истакнувајќи ја важноста на трудот, прецизноста и континуираното учење.

„Прекрасно е чувството кога си наградуван за нешто што си се трудел и си дал се од себе.  Но според мене со добивање на секоја награда, ми се зголемува и одговорноста и очекувањата кон театарот“, изјави Миладинова.

Ден 18 април 2025

00:01:17