Небото над Хрватска понуди ретка и прекрасна глетка… А, сѐ тоа фотографите го овековечија со низа снимки. Кометата, наречена Цучиншан-Атлас минува низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем и ова е едно од најблиските и најсветлите појавувања на комети последниве години. Овој настан, се наведува, нема да се повтори следните 80.000 години. Ја нарекуваат најспектакуларната комета на десетлетието. Според сегашните проценки на астрономите, револуцијата на кометата Цучиншан-Атлас е околу 80.000 години.
