Пазарот е загрижен за побарувачката од Кина, која е најголемиот увозник на нафта во светот, но ја намали загриженоста за можните прекини во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. Цените на нафтата ја започнаа новата трговска недела со благ пораст, откако нагло паднаа минатата недела поради неизвесноста околу побарувачката во Кина и намалувањето на загриженоста за залихите на Блискиот Исток. Нафтата за испорака во ноември се тргуваше за 69,54 долари за барел, што е за 32 центи повеќе од затворањето во петокот. Северноморската нафта Брент за испорака во декември поскапи за 27 центи на 73,33 долари. Минатата недела цената на нафтата падна за околу 7%.
