Европската унија не планира да се откаже од новиот систем за гранична контрола за да се справи со стотиците милиони луѓе кои го посетуваат блокот секоја година, иако не е јасно кога ќе ги спроведе новите аранжмани откако нивното лансирање веќе се одложи. Од ЕУ велат дека системот за влез/излез, ќе ја автоматизира регистрацијата на посетителите, зголемувајќи ја безбедноста и на крајот ќе доведе до покусо чекање на точките за контрола на пасоши. Планот беше отфрлен во октомври, откако некои земји-членки предупредија дека не се подготвени да го исполнат рокот до 10 ноември. Официјалните претставници на ЕУ сега размислуваат за фазен пристап, иако за да се случи тоа може да е потребно ново законодавство.
